Познатиот италијански филмски и оперски режисер Франко Зефирели почина денеска во Фиренца на 96-годишна возраст.
Зефирели во својата кариера режирал повеќе од 20 филмови, меѓу кои најпознати се „Исус од Назарет“ и „Ромео и Јулија“, за кој беше номиниран за Оскар за најдобра режија.
Тој работел со ѕвезди како Елизабет Тејлор, Ричард Бартон, Лоренс Оливие, Алек Гинис, Феј Данавеј и Џон Војт.
Заедно со Федерико Фелини, Лукино Висконти и Виторио Де Сика, Зефирели важеше за еден од повоените италијански филмски гиганти.
– Франко Зефирели, еден од најзначајните личности во културата, почина утрово. Збогум маестро, Фиренца никогаш нема да те заборави – објави на Твитер градоначалникот на Фиренца, Дарио Нардела