Попишувачките тимови на Државниот завод за статистика од утрото почнаа со пробниот попис на населението. Процесот е електронски, а до 30 јуни ќе бидат опфатени 13 општини во земјава.
Попишувањето се врши електронски преку посебна апликација во која ги има прашањата кои се поделени во три групи – за условите за живеење, за типот на домаќинството и станбениот простор и околу 50 прашања за демографските, социјалните економските и етно-културолошките белези.
– Досега е се во најдобар ред, секаде бевме примени без проблем, оние граѓани кои не можеа да одговараат заради приватни обврски, ќе добијат извештување за друг термин – велат попишувачите.
Секој одговор на попишаното лице ќе се проверува со претпописната база на податоци. Сите информации кои нема да се совпаѓаат ќе се сметаат за погрешни или лажни.
Од попишувачките тимови велат дека ова е законска обрвска на граѓаните, но до овој момент нема информации дали граѓните кои ќе одбијат да бидат дел од пописот, ќе се санкционираат.