Овчар починал додека напасувал стадо овци

Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош.

484

Овчарот М.Г. (48) од Косово бил пронајден мртов вчера попладне во атарот на велешкото село Кочилари каде што бил ангажиран.

Полицијата соопшти дека било пријавено дека овчарот бил пронајден починат во близина на бачилото сопственост на Џ.Х.(40) и Х.Х.(45), двајцата од село Кочилари.

„Според пријавеното, околу 06.30 часот М.Г. излегол да ги напасува овците на Џ.Х. Околу 14.20 часот Џ.Х. го побарал М.Г. на мобилен телефон, а откако не го добил, излегол да го бара, при што, според пријавата, го пронашол без знаци на живот“, соопшти полицијата.

Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот ќе биде предадено на обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...