Сакала да го спаси сопругот, ножот на братучедот завршил во нејзиниот стомак

С.Х.(39) и С.Х.(37) биле приведени во Полициската станица Чаир, по што, поради здобиените повреди, со возила на Итна медицинска помош, С.Х.(37) бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, а С.Х.(39) во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

440

Триесет и четиригодишна скопјанка почина откако нејзиниот братучет кој се расправал со нејзиниот сопруг ја избодел со нож во стомакот. Од  повредите А.Ѓ.  починала на местото, а сопругот и братучедот завршиле во болница.

Полицијата соопшти дека синоќа настанала куса расправија и тепачка помеѓу С.Х.(39) братучед на починатата и нејзиниот сопругот С.Х.(37) по што братучедот заминал дома. По кратко време тој се вратил со нож во рака по што продолжила расправијата и тепачката. Во критичниот момент на расправијата А.Ѓ. почувствувала дека расправијата може да заврши кобно по нејзиниот сопруг и одлучила да застане пред него. Тогаш нејзиниот братучед С.Х.(39) со ножот и нанел убодни рани во стомакот, по што починала на местото.

С.Х.(39) и С.Х.(37) биле приведени во Полициската станица Чаир, по што, поради здобиените повреди, со возила на Итна медицинска помош, С.Х.(37) бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, а С.Х.(39) во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Скопје. По целосно расчистување на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...