СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ шири лажни вести за пописот

„Пописот беше најавен уште минатата година, а 2020 година е годината кога би требало да се реализира согласно меѓународните препораки“, се појаснува во реакцијата.

293

Само ВМРО-ДПМНЕ не може да разбере дека пописот е статистичка, а не политичка операција и затоа шири лажни. Очајните закани, лажни вести на Христијан Мицкоски за наводни редефинирања преку пописот, покажуваат дека во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се менува. Опозициската партија останува носител на деструкцијата, носител на лажните вести и манипулациите. Со ваква реакција се јави СДСМ на барањето на ВМРО-ДПМНЕ да запре пробниот попис.

„Пописот е неопходна статистичка операција за да може да се реализира плански развој на целото општество и тоа им е јасно на сите освен на ВМРО-ДПМНЕ, која нема никаков кредибилитет да зборува за попис.Цели 11 години додека беше власт ВМРО-ДПМНЕ не успеа да организира попис, а дури и оној што го започна, поради политички калкулации го прекина а потроши над 3 милиони евра народни пари“, се вели во реакцијата.

Од СДСМ тврдат дека ВМРО-ДПМНЕ лаже дека не била консултирана и дека не и бил оставен простор за забелешки во однос на законите.

„Пописот беше најавен уште минатата година, а 2020 година е годината кога би требало да се реализира согласно меѓународните препораки“, се појаснува во реакцијата.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...