На парадата на гордоста во Тел Авив присуствувале над 250.000 лица.
„The Jerusalem Post“ зборувал со Томер Версаче, која кажала дека се надева дека љубовта ќе се ослободи и дека ќе има слобода.
– Да може да бидеш кој сакаш да си без да те осудуваат и без лицемерие – додала таа.
Тел Авив е град кој ги прифаќа припадните на ЛГБТИ, но во Израел има многу права кои не им се овозможени на лицата од оваа заедница.
Градоначалникот на Тел Авив ја предводел годинешната парада, а на маршот присуствувал и новоизбраниот министер за правда во Израел, Амир Охана, заедно со својот партнер.
ФОТО: EPA / JIM HOLLANDER