Министерството за внатрешни работи излезе во пресрет на граѓаните на општина Демир Хисар и на општина Крушево и го одобри барањето за добивање на сопствени регистарски ознаки на возилата, соопштија оттаму.
– Донесена е одлука за изменување на правилникот за регистрационите подрачја за возилата и нивни ознаки и стапува во сила осмиот ден од денот на објавувањето. За регистарското подрачје Демир Хисар ознаката на регистарските таблици е DH, а за регистарското подрачје Крушево ознаката на регистарските таблици е KS – велат од МВР.