Непознат сторител извршил разбојништво во пошта на улица Македонска Фаланга во Битола. Според пријавеното, сторителот со закана од касата одзел пари. Случајот бил пријавен вчера околу 14.00 часот во СВР Битола, велат од Министерството за внатрешни работи.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.