Тешко повредена жена откако возило излетало од коловозот на автопатот Велес – Скопје

1045

Тешко повредена жена откако возило излетало од коловозот на автопатот Велес – Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи.

– Вчера околу 18.15 часот на автопатот Велес – Скопје, на место викано „Пуста Кула“, Д.У.(40) од Велес, управувајќи патничко возило „фолксваген пасат“ со велешки регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот. Притоа, со тешки телесни повреди се здобила С.М. – сопатничка во возилото и била пренесена во болницата во Велес каде и била укажана лекарска помош – велат од МВР.

Увид на местото извршила екипа од СВР Велес.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...