Контроверзен билборд по повод Денот на државноста на Словенија

623
ФОТО: МИА

Во Љубљана осамна билборд на кој се наоѓа фотографија на војник во униформа на поранешната Југословенска народна армија (ЈНА) со подигнати раце во знак на предавање.

Нарачател на билбордот е опозициската конзервативна Словенечка демократска партија (СДС) на поранешниот премиер Јанез Јанша, која на овој начин на Словенците им го честита Денот на државноста на Словенија – 25 јуни.

Билбордот предизвика бура во јавноста и на социјалните мрежи со оценки и коментари дека ваквата постапка на СДС е „несоодветна и невкусна“.

Словенија прогласи независност од поранешна СФР Југославија со усвојување на Основната уставна повелба од страна на словенечкиот Парламент на 25 јуни 1991 година.

ФОТО: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...