Триесет и шест возачи „летале“ низ Скопје, пајакот кренал 54 возила

188

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи
Скопје вчера спроведе акциска контрола за откривање на возачи кои ја
пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје, при
што се санкционирани 36 возачи кои ја пречекориле дозволената брзина. Ова го соопшти Министерството за внатрешни работи.

– Откриени се и 64 останати прекршоци за кои се издадени 19 мандатни платни налози и 45 прекршочни платни налози. Вчера  Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје низ централното градско подрачје презеде и мерки за непрописно паркирање на патнички возила. Притоа, во периодот од 8 до 24 часот, со специјално возило пајак се подигнати вкупно 54 возила, а преземени се вкупно 63 мерки за непрописно паркирање на патнички возила – додадоа од МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...