Светскиот рекет бр.1, Новак Ѓоковиќ, исто така, одлучи да не учествува на турнирите на трева пред „Вимблдон“. Претходно ова го соопшти и второпласираниот на светската АТП листа Рафаел Надал.
Од „големата тројка“, само Роџер Федерер ќе одигра еден од турнирите пред битките во Лондон. Маестро традиционално ќе учествува на турнирот во Хале следната недела.
Ѓоковиќ се очекуваше да учествува во Квинс, каде што минатата година играше финале, но загуби од Марин Чилиќ. Пред 12 месеци тој дури настапи во парови со Стен Вавринка за да има пракса за „Вимблдон“, но за оваа година ги промени плановите.
ФОТО: ЕПА