Се чини дека ергенската забава на Џо Џонас била вистинско лудило, а полицијата реагирала дури три пати.
Ник и Кевин кажаа детали за ергенската вечер на нивниот брат, за време на играта „Знај го брат ти“ на „The Tonight Show“.
Еден од браќата ставаше слушалки на ушите, додека Џими Фелон ги прашуваше другите двајца прашање за него. Потоа слушалките се вадеа, па мораше да се погоди како неговите браќа одговориле на прашањето.
Ник кажа дека полицајците реагирале дури три пати за првата вечер од прославата во Ибица.
– Џо ја искина маицата во ноќен клуб, а потоа ги искина маиците и на двајца негови пријатели – додаде тој, одговарајќи на прашањето што било „најлудо“ за време на забавата.
Џо не беше единствениот кој се забавуваше. Неговата избраничка, Софи Турнер неодамна ја имаше својата забава со другарките во Европа. Иако двојката си рече „да“ во мај во Лас Вегас, ќе си каже „да“ по втор пат во Франција подоцна ова лето.
ФОТО: Принтскрин / Јутјуб