Хакинен: Со Шумахер имавме поголема слобода од Хамилтон и Фетел

102

Мика Хакинен верува дека тој и Михаел Шумахер имале повеќе слобода да се натпреваруваат едни против други, отколку што сега им се овозможува на Луис Хамилтон и Себастијан Фетел.

Изјавата на двократниот Ф1 шампион дојде по казната што ја доби Себ во Канада и поради која победата беше запишана на име на Хамилтон, кој гопомина втор карираното знаме.

– Можеби во наше време немаше толку многу камери, кои го следат секое едно нешто што го правиме. Инаку, со денешните правила, требаше да има многу 5-секунди казни, па дури и посурови. ФИА прави одлична работа во желбата да го направи спортот побезбеден, а стјуардите имаат тешка задача и врз нив има доста напон. Сепак, мислам дека пилотите, тимовите, ФИА, организаторите на Формула 1 треба да измислат како натпреварувачите да возат послободно. Никој не беше среќен во неделата, казната стави крај на борбата за лидерство и ги разочара сите, што ја следеа трката – изјави Хакинен.

Финецот додаде дека во Ф1 треба да размислат можноста да бидат назначени тројца постојани стјуарди, наместо поранешни тркачки пилоти.

– Претходно оваа година Формула 1 го загуби долгогодишниот тркачки директор Чарли Вајтинг. Иако Чарли не одговараше за стјуардите, тој влијаеше врз целиот спорт. Беше на секоја трка, го познаваше секој пилот и беше практичен при донесувањето на одлуките. Не ги поставувам под прашање способностите на стјуардите во Канада, но мислам дека би било корисно за спортот истите луѓе да ги носат одлуките – заврши легендарниот пилот.

Фото: EPA/ATTILA KISBENEDEK

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...