Дете тешко повредено по удар од автомобил

487

Седумгодишно дете со тешки повреди вчера било хоспитализирано во штипската болница откако во него удрил автомобил.

На улица „Лески“ во Штип, патничко возило „фолксваген голф“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Т.П.(68) од Штип, удрило во велосипед што го управувало седумгодишно дете од Штип.  Детето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во Клиничката болница Штип каде му била укажана лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Штип.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...