Касами бара избори веднаш

541

Бидејќи денес во Берлин не се одржа ветувањето за отпочнување на преговорите со ЕУ овој месец, а и не се дадени гаранции дека датум може воопшто да се добие во текот на годинава, го охрабруваме премиерот да го одржи ветувањето и веднаш да распише предвремени парламентарни избори – изјави претседателот на БЕСА, Билал Касами.

Тој додаде и дека после ваквите избори сигурно ќе дојде политичка елита што ќе обезбеди сигурна европска иднина и интегрирање на државата во Европската Унија.

– Северна Македонија треба да добие датум за преговори не заради неуспехот на Владата да ги аплицира очекуваните реформи, туку заради убедувањето и определбата на сите граѓани на државата – смета лидерот на БЕСА.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...