Здружението за еднаква застапеност на лицата со посебни потреби „СОС БАЛКАН МЕДИА“ од Охрид му врачи на Васил Јанкула од Ресен, лице со попреченост, кој на велосипед ја заобиколи цела Македонија, телевизор и други подароци.
Претседателот на Здружението „СОС БАЛКАН МЕДИА“ , Сашо Денесовски и членот на бордот на Здружението, Васко Паскали подароците на Јанкула и на неговиот тренер Тони Ангеловски им ги врачија во кабинетот на градоначалникот на Општина Ресен, Живко Гошаревски
Здружението за еднаква застапеност на лицата со посебни потреби „СОС БАЛКАН МЕДИА“ најави дека и во иднина ќе ги поддржува сите вакви големи херои кои докажувват дека сите сме исти.