ЗНМ: Праксата на СДСМ да рекламира владини проекти по медиумите е ризична

259
20150330 Monday 1015 ZNM zdruzenie na novinarite na makedonija

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) реагира на рекламирањето во приватните медиуми за работата на Владата во последните две години нарачани и платени со пари на политички партии.

„Во последните неколку дена во медиумите се забележуваат видео спотови со кои се врши промоција на проекти кои се реализирани од страна на Владата, a рекламите се плаќаат од партиската сметка на СДСМ. Според законските прописи на политичките партии дозволено им е да промовираат свои кампањи во приватните медиуми, но во време на предизборна политичка кампања. Иако не постои експлицитна забрана за рекламирање надвор од овој период, со оваа негативна пракса може да се влијае на уредувачката политика и на начинот на известување на дел од медиумите“, реагираат од ЗНМ.

Во услови кога политичките партии своето финансирање го обезбедуваат и од државниот буџет, потенцираат од здружението, тие треба да бидат уште поодговорни при трошење на парите во приватните медиуми. Освен ова, проблематична е и целта на политичките партии кои се дел од власта, да трошат јавни средства со кои се промовираат одредени владини политики и проекти.

„Оваа пракса со која СДСМ ги промовира проектите на Владата кои биле спроведени во текот на изминатите две години претставува ризичен чекор кој може да има негативни последици врз и така кревката слобода на медиумите и слободата на изразувањето во земјата, што ќе значи повторно назадување на светските индекси за слобода на медиумите“, велат од ЗНМ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...