Утре почнува пробниот попис

191

Државниот завод за статистика (ДЗС) утре ќе започне со теренски активности за пробниот попис на населението, домаќинствата и становите.

Пробниот попис ќе се спроведе во 32 пописни кругови на територијата на 13 општини во државата, и тоа во Гостивар, Кисела Вода, Зелениково, Штип, Радовиш, Куманово, Свети Николе, Кратово, Прилеп, Долнени, Струга, Кичево и Валандово.

Како што соопшти ДЗС, основната цел на пробниот попис е тестирање на подготвените методолошки, организациски и ИТ решенија за примената на новиот комбиниран методолошки пристап во Пописот на населението, домаќинствата и становите во 2020 година.

Пробниот попис се спроведува исклучиво за статистички потреби и од него нема да произлезат податоци, туку само информации за оперативно-техничката подготвеност на сите инструменти за успешно спроведување на оваа најголема статистичка операција во 2020 година, велат од ДЗС

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...