За Задушница во Скопје ќе има посебен сообраќаен режим

230

По повод верскиот празник Задушница утре и за време на викендот во периодот од 6 до 16 часот во реоните на гробиштата во Бутел, во Камник и во Ѓорче Петров, каде се очекува зголемен интензитет на сообраќајот, ќе има посебен режим за побезбедно и непречено одвивање.

„Сообраќајот ќе се одвива во една насока (кружно) односно сите возила ќе се упатуваат по улица „Александар Урдаревски” во продолжение по локален пат за село Мирковци до влезот за гробиштата на ул.„Боца Иванова” и излегување на улицата „Александар Урдаревски”. По потреба сообраќајот ќе биде пренасочен и на гробишта Ѓорче Петров  по улицата Црногорска, а на гробишта Камник по Јужноморавски Бригади“ и улица Роман Каскалиевиќ“, соопштија од МВР.

Оттаму апеираат до сите граѓани да ги почитуваат наредбите и насоките на полицајците, како и сообраќајната регулатива.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...