Литванија ја погодија рекордни високи температури, а шест лица, кои спасот од жештините го побараа во реките или езерата, се удавија.
Училиштата во многу градови оваа недела се затворени.
Во Литванија, земја со 2,8 милиони жители, со недели не паднал дожд. Во градот Кајшјадорис, во централниот дел на земјата, вчера се измерени рекордни 35,7 степени Целзиусови за јуни месец.
Стотици луѓе побарале помош од лекарите поради жештините.
Метеоролозите предвидуваат дека температурите во повисоките региони денеска ќе достигнат до 36 степени Целзиусови.
Поради високите температури, водата во реките е на најниско ниво, кое некогаш било забележано во јуни, а снабдувањето со вода е ограничено.
Топлотен бран ја погоди Литванија, шест лица се удавија
loading...