Инспекторите не виделе пропусти во кариерите на министерот Адеми и заменикот Нухиу

383

„Тука не се работи за мирување и продолжување на рокот на огласот, туку за фактичка состојба во која кандидатот по докторската дисертација ги исполнува условите за доцент, што е нормално напредување во високото образование, унапредување кое не се врши според предвидени рокови, туку според докторската дисертација и исполнувањето на условите за станување доцент“.

Во случајот со Агим Нухиу од Инспекторатот велат дека унапредувањето е направено според член 133, алинеја 1 од претходниот Закон за високо образование.

„На лицето работниот однос на Тетовскиот универзитет му бил во мирување, но не и образовно-научниот ангажман, за кое има посебен договор за интелектуални услуги, за кој, според документите, тој не добивал паричен надомест и сето тоа е направено според закон“, велат од Инспекторатот за високо образование.

Од Тетовскиот Универзитет за Алсат рекле дека при унапредувањето на Нухиу и Адеми се почитувани сите потребни процедури.

– Ние како институција ги почитувавме сите процедури за унапредување. Професорите се редовни на Универзитетот, но поради нивните функции тие од нас не добиваат финансиски надомест. Цениме дека, законитоста на унапредувањата ќе ја констатира и надлежниот инспекторат од кого го чекаме завршниот извештај – велат од ДУТ за Алсат М.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...