МВР ќе вработи 600 полицајци

235

Министерството за внатрешни работи денеска објави оглас за вработување на 600  полицајци.

Најмногу полицајци – 150 ќе се вработат во Скопје, 70 во Охрид, 50 во Струмица, 20 во Велес и по 10 во Битола, Тетово, Штип и Куманово. Предвидено е 270 полицајци да се вработат и во регионалните центри за гранични работи.

Рокот за доставување на пријавите е 15 дена.

„Кандидатите треба да се полнолетни, а ако досега не биле вработени не треба да бидат постари од 25 години. Активно да го користат македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и да имаат завршено најмалку четиригодишно средно образование“, се вели во огласот објавен од Министерството за внатрешни работи.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...