Американската држава Мејн легализираше медицински потпомогнато самоубиство и така стана осмата држава во САД во која е дозволено терминално болни луѓе да го прекинат животот со препишани лекови.
Гувернерката од редовите на демократите Џенет Милс, која претходно беше скептична кон законот, сепак го потпиша.
– Се надевам дека овој закон, кој го почитува правото на лична слобода, ќе биде користен умерено – рече Милс.
Првата држава која легализираше потпомогнато самоубиство беше је Орегон во 1997 година, а дури после десет години тоа го направи дистриктот Вашингтон.
Потпомогнато самоубиство е легализирано и во Калифорнија, Колорадо, на Хаваи, во Вермонт и Њу Џерси.
Иако контроверзен, законот за потпомогнато самоубиство широко е прифатен во САД и оваа година најмалку 18 држави размислуваат да го усвојат.