Во студентскиот дом „Стив Наумов“ денеска ќе биде официјално отворена обновената читалница. Обновувањето е реализирано во рамките на проектот „Студентски домови без корупција“ спроведен од страна на студентите од студентскиот дом и Младинскиот образовен форум.
Акцијата беше спроведена од 1-ви до 12-ти овој месец со цел да се уреди просторот во постојната читалница и дворот во студентскиот дом, а преку донаторска акција ќе се изврши и опремување на библиотеката во рамки на читалницата.
– Со оваа акција започнува низата студентски акции во државните студентски домови. Студентските акции од проектот ќе се спроведат во државните студентски домови „Стив Наумов“, „Кузман Јосифовски-Питу“ и „Гоце Делчев“ во текот на јуни 2019 година – велат од МОФ.
Проектот „Студентски домови без корупција“ се спроведува од август минатата година и ќе трае до јули годинава. Примарната цел на проектот е да се поттикнат институциите на потранспарентно и поодговорно управување со студентските домови, како и вклучување други институции, организации и правни лица за подобрување на условите во домовите.