Естонија го ратификуваше Протоколот за НАТО

183

Естонија го ратификуваше Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО.

Естонскиот парламент едногласно без ниеден глас против вчера даде зелено светло за приклучувањето на земјава во Северноатлантската алијанса.

Естонија е 17-та земја што го ратификуваше Протоколот, откако тоа минатата недела тоа го стори и германскиот Бундестаг.

Постапката за ратификација вчера почна и во Сенатот на САД. За потребата од пристапување на Северна Македонија во НАТО пред сенатската Комисија за надворешни работи говореа помошник државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Филип Рикер и Кетрин Вилбаргер, заменик помошник секретар за одбрана за меѓународни безбедносни прашања.

Со ратификацијата на Протоколот од 29-те земји сојузници во Алијансата, Северна Македонија и официјално ќе стане 30-та членка на НАТО.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...