Георгиевски: Косово срами се

8331

Поранешниот премиер и актуелен претседател на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски на својот Фејбук профил ги искритикува властите на Косово оти не поканија македонска делегација на прославата 20 години од влегувањето на НАТО- трупите односно од „денот на ослободувањето на Косово од српската власт“.

– На прославата по повод дваесет години од влегувањето на НАТО во Косово како што забележав немаше покането делегација од Македонија.Тоа е голем срам и за Косово но и за меѓународната заедница. Да се игнорира Македонија во нејзината улога на комплетната логистичка поддршка на НАТО интервенцијата, бегалската криза и последиците што ги имаше за нашата земја. Па дури и самиот крај: согласноста само преку Македонија да се влезе со копнена офанзива. А потоа ни вратија со воена агресија, напиша Георгиевски.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...