Од утре привремен сообраќаен режим на дел од Партизанска

744

Градот Скопје ги известува граѓаните дека од утре поради изведба на градежни работи за реконструкција на коловозот на булеварот Партизански одреди, на потегот од булеварот 8.Септември до мостот „Обединети нации“, ќе биде воведен привремен режим на сообраќајот.

Привремениот сообраќаен режим ќе се воведува во неколку фази – во првата фаза ќе биде затворена крајната десна сообраќајна лента на булеварот Партизански одреди, на потегот од мостот „Обединети нации“ до крстосницата со улицата Лондонска, во насока на движење кон центарот на градот, но нема да има промена на режимот на движење на автобусите на ЈСП.

Измената во сообраќајниот режим на овој дел од булеварот ќе важи до завршување на градежните активности за реконструкција на коловозот.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...