Академик Блажо Боев реизбран за ректор на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип

153

Академик Блажо Боев е реизбран за ректор на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Оваа одлука попладнево ја донесе сенатот на Универзитетот. Боев е редовен професор на Факултетот за природни и технички науки на Универзитетот.

Од Центарот за односи со јавност при Универзитетот информираат дека од 12 до 14 часот гласале наставно-научните совети на сите факултети и академии при УГД, а од 14 до 15.30 часот комисија ги сумирала резултатите, според кои, проф. д-р Блажо Боев повторно е избран за ректор на Универзитетот.

Во изборот на ректор на УГД, со свој глас на изборите во наставно-научните совети учествувале и студентите со свои претставници. Боев ќе раководи со Универзитетот „Гоце Делчев“ до 2025 година, а ова е прв избор на ректор на УГД според новиот Закон за високо образование.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...