Пендаровски за турското барање за екстрадиција: Мораме да ја следиме политиката на ЕУ

360

Претседателот Стево Пендаровски денеска од Брисел порача дека за барањата на официјална Анкара за екстрадиција на неколку лица осомничени за терористички активности, Северна Македонија мора да ги следи домашните закони, но и да се усогласи со европските партнери.

Од петнаесет случаи кои се побарани од страна на Турција до сега, пет не се наоѓаат на македонска територија моментално, за пет се во тек судските процедури, а за останатите пет државата побарала дополнителни детали од турските власти, прецизираше претседателот на државата.

– Им рековме на нашите турски пријатели дека ги почитуваме нивните барања, но дека мора да ги погледнеме нашите домашни закони, сѐ мора да биде во согласност со македонското законодавство и со законодавството на ЕУ, ние мораме да ја усогласиме нашата политика со таа на ЕУ, но на крајот на краиштата одлуката е кај институциите – порача Пендаровски.

Турција се закани со блокада на ратификацијата на пристапниот протокол за НАТО на Северна Македонија доколку не и бидат испорачани осомничените ѓуленисти.

Пендаровски нагласи дека Турција е голем пријател на Северна Македонија и еден од најголемите поддржувачи на влезот на земјата во НАТО Алијансата.

Фото: EPA/OLIVIER HOSLET

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...