На „Матка“ викендов јубилеен 50. ИКАС

Претстојниот викенд на патеката „Матка“ крај Скопје ќе се одржи јубилејниот 50-ти по ред Илинденски кајак слалом - ИКАС како и Европскиот куп во спуст.

120

Претстојниот викенд на патеката „Матка“ крај Скопје ќе се одржи јубилејниот 50-ти по ред Илинденски кајак слалом – ИКАС како и Европскиот куп во спуст.

По традиција престижното меѓународно натпреварување ја има поддршката од Агенцијата за млади и спорт (АМС), а така ќе биде и оваа година.

-Заложбата за поддршка на еден од најстарите спортски настани во југоисточна Европа останува и понатаму. Кајакарството во Македонија има традиција, резултат и претставува спорт кој освен спортските привилегии нуди и промоција на природните и културни вредности во Македонија, изјави Дарко Каевски, директор на АМС.

На денешната заедничка прес конференција присуствуваше и претседателот на Комитетот за слалом при Светската кајакарска федерација Томислав Црнковиќ.

-Огромно задоволство е повторно да сме во Македонија, во земјата која има идеални услови за одржување на еден ваков спортски настан. Нашето пријателско партнерство со кајакарската федерација на Македонија продолжува и понатаму, рече Црнковиќ.

Претседателот на Кајакарската федерација на Македонија Коста Ефтимов очекува на патеката „Матка“ да се појават околу 70 натпреварувачи од 14 земји.

Натпреварите ќе почнат утре во 9 часот, а за вечер од 19 часот во Музеј на град Скопје е закажано Свеченото отворање.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...