Жена на 40 години се обидела да се самозапали во полициската станица во Драчево

1586

Четириесет годишна жена се обидела да се самозапали во полициската станица во Драчево, информира МВР.

Инцидентот се случил вчера околу 23 часот. Жената се поверила дека е во депресија и дека сака да си го одземе животот. Во поциската станица бил повикан и нејзиниот син. И во еден момент, додека таа разговарала со сменоводителот, извадила пластично шише со течност, се полила и со запалка се обидела да се самозапали.

Полициските службеници и нејзиниот син спречиле да се случи трагедија, а жената потоа била пренесена во Психијатриската болница „Бардовци“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...