Заглавените туристи на скопскиот аеродром по десет часа чекање летнаа за Хургада

354

Домашни туристи кои уплатија арамжман за Египет и чекаа од ноќеска на Скопскиот аеродром после 10 часот полетаа кон Хургада.

Според инфорамциите на веб страницата на Меѓународен аеродром Скопје, полетале во 10, 44 часот со авион на „Флај 2 Скај ерлајнс“.

Туристите требало да полетаат ноќеска на полноќ, со одложување дека тоа ќе се случи во 2,30, па во 5 часот, и во 7 часот.

Аранжамот го уплатиле преку неколку туристички агенции.

Случајот не беше пријавен во Државниот пазарен инспекторат.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...