Маја Стевкова Штериева е нов претседател на Банкарската асоцијација

Маја Стевкова Штериева кариерата ја почнува во Комерцијална банка 1993 година и до 2002 година работи во различни сегмени кои овозможуваат заокужување на искуството во банкарското работење, почнувајќи од Секторот за односи со странство, Самостоен референт во Дирекцијата за средства и ликвидност, вклучително и во Службата за работа со хартии од вредност.

351

Маја Стевкова Штериева, главниот финансиски директор на Комерцијална Банка e нов претседател на Македонската банкарска асоцијација. Таа доаѓа на местото на Коста Митровски, кому според статутот на Македонската банкарска асоцијација поради престанок на неговата функција како член на управен одбор на банка предвреме му заврши мандатот.

-Македонската банкарска асоцијација е важен чинител во банкарскиот сектор во државата и иако дејствува како самостоен субјект релативно кратко време, во изминатиот период реализираше повеќе значајни активности. Во наредниот период ќе продолжиме со активностите и програмите кои МБА досега ги практикуваше, но ќе се обидеме да воведеме и некои нови програми и проекти кои ќе придонесат за зајакнување на банкарскиот сектор, негово унапредување, и доближување кон сите засегнати страни – изјави Штериева по назначувањето на функцијата.

Маја Стевкова Штериева кариерата ја почнува во Комерцијална банка 1993 година и до 2002 година работи во различни сегмени кои овозможуваат заокужување на искуството во банкарското работење, почнувајќи од Секторот за односи со странство, Самостоен референт во Дирекцијата за средства и ликвидност, вклучително и во Службата за работа со хартии од вредност.

Во 2002 година е назначена за директор на Дирекцијата за управување со ризици, а во 2005 година за директор на Секторот за управување со ризици и планирање. Од 2008 година ја извршува функцијата главен финансов директор и член на Управниот одбор.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...