Базиликата Саграда Фамилија на Гауди по 137 години доби градежна дозвола

111
Photo: EPA / Quique Garcia

Изградбата почнала во 1882 година, а во 1926 година, кога починал Гауди, не била завршена ни четвртина.

Шпанските власти во 2016 година сфатиле дека за оваа базилика никогаш не била добиена планска дозвола, што значи дека без градежна дозвола дејствувала повеќе од еден век.

Градежната дозвола за изградбата на базиликата Саграда Фамилија важи до 2026 година, кога се навршуваат сто години од смртта на Гауди. Се проценува дека изградбата на црквата ќе чини околу 374 милиони евра.

Photo: EPA / Quique Garcia

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...