Војвотката од Сасекс, Меган Маркл, ја прифати понудата на уредникот на британскиот „Вог“ да му помогне во уредувањето на модните страници за најважното – септемвриско издание.
Британскиот уредник на Вог, Едвард Енифул, ја поканил војвотката од Сасекс да учествува во уредувањето на септемвриското издание на „Вог“. Според договорот, освен во уредувањето на модниот едиторијал, Маркл ќе има и своја модна колумна каде ќе ги претстави своите мислења околу трендовите.