Корисниците на Фејсбук , кои ги уредуваат страниците на оваа социјална мрежа веќе неколку часа пријавуваат проблеми.
На многумина од нив целосно им се изгуби можноста за објавување на страниците, а можат само да ги прегледуваат веќе објавените постови.
Проблеми имаат медиумите и компаниите кои својата содржина ја објавуваат на Фејсбук страниците, додека приватните корисници денеска немале пробле со објавување на личните профили.
Од компанијата засега нема објаснување за ваквиот проблем , кој го пријавиле корисниците од Европа , САД и од делови на Азија.