Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски ги критикуваше Основното јавно обвинителство, СЈО и Судот за тоа што не одредува и укинува мерки за претпазливост за обвинети и осомничени.
– Тогаш кога ќе има доволно информации да потврдат како се случило тоа бегство, тогаш и обвинителсното ќе излезе. Сите сте сведоци што ни се случува со луѓе кои има шанси да ја напуштат Македонија. Системот мора да се консолодира, и судовите . Во тој момент немаше ниту една мерка за Груевски. Сега гледаме како Камчев слободно се шета низ Европа, им се враќаат пасоши, се пуштаат од притвор… Каде што системот е еродиран, мора да се санира – рече Спасовски во гостување на телевизијата 24.