Раководството на Реал Мадрид ќе ги послуша советите и желбите на Зинедин Зидан и ќе се обиде да му ја обезбеди целта бр.1 ова лето – играчот на Манчестер Јунајтед, Пол Погба. Тренерот на „белите“ лобирал сериозно за трансфер на францускиот репрезентативец и иако „кралевите“ претпочитаат да го донесат Кристијан Ериксен, ќе ги насочат сите ресурс кон преговори со „црвените ѓаволи“, пишува денеска „Марка“.
Големата загриженост на раководството е поврзана со постојаните скандали околу името на францускиот ас, како и чувството дека не е меѓу најтрудољубивите играчи на теренот. Зидан сепак контрирал на своите колеги, велејќи дека Погба ќе стане лидерот, од кој Реал Мадрид има потреба за следниот проект на Флорентино Перез.
Друг проблем со таков трансфер е сериозниот износ што го сака Манчестер Јунајтед. Тој е помеѓу 140-170 милиони евра, но за договорот ќе помогне и Мино Рајола, агентот популарен со фактот дека секогаш успева да го постигне она, што го сакаат неговите клиенти. Во овој случај, Погба сака да замине од „Олд Трафорд“, бидејќи претстојат тешки времиња за клубот, кој се чини ќе почне да се гради од ново.
Во случај Реал Мадрид да удри на камен со Погба, тогаш клубот ќе оди на план „Б“. Интерес има кон Кристијан Ериксен и Дони ван ден Бек, кој одигра одлична сезона во дресот на Ајакс.