Рама: ЕУ треба да дејствува геостратешки и врз основа на заслуга за преговорите

117

Албанскиот премиер Еди Рама, од Брисел, порача дека одлуката на ЕУ за отворање на преговори со Албанија и Северна Македонија треба да биде геостратешка и заснована на заслуги, јави дописничката на МИА од Брисел.

На новинарско прашање дали би било прифатливо за него Северна Македонија и Албанија да се одвојат во процесот на преговорите, Рама порача дека тоа не е негова надлежност.

– Тоа е надлежност на ЕУ, на Советот, не моја, ЕУ треба да делува геостратешки, геополитички, и засновано на заслуги, и ако една земја заслужила таа не треба да биде одбиена затоа што тогаш станува игра и албанскиот народ ќе почувствува дека е игра – изјави Рама.

На тоа се надоврза претседателот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер кој порача дека двете земји треба да добијат преговори без одвојување.

– Ова на е игра, ова е трагичен регион и немаме право да играме игри, јас силно ја поддржувам ЕУ перспективата на регионот, препораката за старт на преговори со Албанија се донесе врз основа на заслугите на албанскиот народ. Северна Македонија и Албанија имаат свое место во ЕУ без одвојување, изјави Јункер.

Еди Рама ги отфрли обвинувањата дека се залагал за Голема Албанија и порача дека единствен негов е сон е „Голема Европа“.

Фото: EPA/OLIVIER HOSLET

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...