Светот се соочува со длабока криза и може да биде на работ на војна, рече денеска францускиот претседател Емануел Макрон.
– Мислам дека хаосот е овде. И мислам дека е одговорност на нашата генерација да не чекаме нова војна, туку да го гледаме светот таков каков што е. Мислам дека денес сме на работ на војна ако не се грижиме. И таа војна е присутна во нашите демократии – тоа е длабоката криза низ која минуваме. Ако сакаме вистински напредок, ние треба да направиме некои сериозни заложби – рече Макрон во говорот по повод стогодишнината на Меѓународната организација на трудот (МОТ) во Женева.
Макрон повика на универзална социјална заштита и компензација за луѓето чии средства за живот се загрозени од технолошките и климатските промени.
Според него, нееднаквоста го фаворизира авторитаризмот.
– Гласачите велат: „Демократијата не нѐ штити од нееднаквоста, предизвикана од капитализмот, затоа да ги затвориме нашите граници, да изградиме ѕидови и да го напуштиме мултилатералниот пристап“ – рече тој, очигледно критикувајќи го американскиот претседател Доналд Трамп
Фото: EPA/MICHEL EULER