Заедничката седница на македонската и косовската влада ќе се одржи во Скопје

87

Заедничка седница помеѓу владите на Македонија и Косово ќе се одржи во Скопје, а датумот треба да го одредат премиерите на двете земји, Зоран Заев и Рамуш Харадинај, соопшти владината прес-служба по денешната седница.

Според информацијата којашто на предлог на Секретаријатот за европски прашања, денеска ја усвои Владата направени се неопходните подготовки за одржување на заедничката седница. Во рамки на подготовките за седницата течат разговори за дефинирање на соработките помеѓу двете земји, во неколку области и тоа: Транспорт и инфраструктура, трговија и економски развој, Соработка со дијаспората, внатрешни работи, правда, земјоделство, шумарство и водостопанство, здравство, култура, образование.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...