Поранешниот премиер и пратеник Никола Груевски преку Фејсбук се огласи за претстојниот попис.
– Принципот на „четири очи“, највисока досега транспаретност, инклузивност и технологија, стандардите на Еуростад и изреката „трипати мери еднаш сечи“ се најважните работи кои треба да се имаат на ум кога станува збор за спроведување на следниот попис во Македонија.
Државните пред партиските и личните интереси. Само чесен приод и чесни намери на сите учесници може да резултира со успех, но и силен надзор и контрола. Секое одбегнување надзор и контрола од организаторот ќе внесе сомнеж и недоверба уште во рана фаза. Само кристално „чист“ попис може да е успешен и признаен од сите.
Искуствата од минатото, од пред седум и пол години треба да се водилка кон одбегнување на истите проблеми, за проблемите да не се повторат.
Луѓето го спроведуваат пописот. Нивниот интегритет, чесност и независност, пред сѐ.
Заради уставните одредби кои произлегоа од охридскиот Рамковен договор, во Македонија освен статистичка операција, има и сериозна политичка важност, напиша азилантот Груевски од Будимпешта.
Фото: EPA/GEORGI LICOVSKI