Захариева: И Самиот Гоце Делчев кажал дека е Бугарин, нема компромис со вистината

1081

Нема да правиме компромис со вистината. Од Северна Македонија не сакаме ништо повеќе од вистината, рече министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, во интервју за БТВ.

За Софија е неприфатлив предлогот од македонска страна тоа да биде седми октомври, датумот кога моштите на Делчев се пренесени од Софија во Скопје.

– Повеќето Бугари не ни слушнале за 7 октомври, тоа е датумот на едно од најголемите предавства во бугарската историја, извршени од БКП, кога по 1944, под притисок на Сталин и Тито ги признаа Македонците како Бугари, и во конкретната 1946 на 7 октомври тоа и се случи, нема зошто и не може да го чествуваме тој датум – изјави Захариева.

Захариева се надева дека до крајот на годината експертската комисија ќе ја заврши својата работа, бидејќи веќе е постигнат договор за Цар Самоил, Кирил и Методиј, но дека сепак за софија останува клучен договорот за Гоце Делчев и Илинденското востание.

– Јас и на пленарните разговори со комисијата кажав дека ние не сакаме ништо повеќе од вистината. Не може да се прават компромиси со вистината. И самиот Гоце Делчев десетици пати кажал што е – Бугарин. Го напишал тоа десетици пати! Да потсетам дека македонскиот премиер Зоран Заев беше тука на 4-ти февруари, кога заедно со Бојко Борисов го одбележаа споменот на Гоце Делчев – вели Захариева.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...