Мицевски: Барајте го дилерот, а не таксистот на Богоевски

502

Никола Мицевски, координаторот на пратеничката група на ВМРО – ДПМЕ денеска на собраниската седница на која беа констатирани оставките на Павле Богоевски и на Никола Груевски порача да не се крева фама околу осатавката на Богоевски, која е сосема нормална работа што се очекува од пратеник кога ќе го прекрши законот.

– Нормално е пратеник да поднесе одговорност, ако е фатен во незаконски дејанија – рече Мицевски и порача истрагата во аферата со Бооевски да се насочи кон дилерот, а не кон таксистот за кој пратеникот тврдеше дека го снимил неговиот разговор кога нарачувал масло од канабис за близок болен роднина, а не дрога како што тврдеше лицето кое го објави снимениот телефонски разговор на социјалните мрежи.

Собранието денеска ја констатираше оставката од функцијата пратеник на поранешниот премиер Никола Груевски, кој избега од државата, откако беше осуден за набавка на мерцедес во случајо „Тенк“ на СЈО, а доби политички азил во Унгарија.

Собранието ја констатира и оставката на пратеникот Павле Богоевски, а седницата ќе продолжи во 15 часот кога се очекува ДИК да ги официјализира двајцата пратеници кои ќе дојјдат на местото на Богоевски и Груевски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...