Охрид го осуди инцидентот меѓу советниците од ДУИ и од БЕСА

155

Советот на Општина Охрид го осуди вчерашниот инцидент меѓу советниците и смета дека тоа не им доликува на избрани претставници на граѓаните.

„Советниците се гласот на граѓаните, а Советот највисок претставнички орган кој треба и мора да работи во интерес на граѓаните и решавање на нивните потреби.

Сметаме дека ваквото однесување е изолиран инцидент и нема да се повтори во  иднина и ги повикуваме советниците да се однесуваат во духот на демократијата и почитување на различните мислења“, се наведува во реакцијата на Советот на Општина Охрид.

БЕСА вчера соопшти дека советник на ДУИ физички нападнал советник на БЕСА во Охрид.

„На многу срамно и екстремно ниско ниво, советникот од БЕСА во општина Охрид, Џемал Мена, беше физички нападнат од советник на ДУИ“, соопшти партијата.

Движењето БЕСА го осуди нападот и врз советникот кој ги бранел „правата на охридските Албанци“, а бил нападнат токму за време на седницата на општинскиот совет на Охрид.

Случајот е пријавен во полиција.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...