ВМРО-Народна партија e цврсто убедена дека измените во изборникот законик ќе претставуваат најсигурен пат до вистинскиот плуралистички состав на Парламентот и дека ќе се обезбеди широка и трајна демократизација на македонското општество.
„Уште во 2011 година ВМРО-НП упати јасен став и иницијатива за измени во изборниот Законик, со што Македонија би била една изборна единица без изборен праг, од едноставна причина што само така републиката може да го почувствува вистинскиот плурализам и ги испочитува различностите во партиско-политичката сфера.
И покрај калкулирањата на некои политички партии, после осум години континуирано потсетување и борба за оваа иницијатива сѐ уште стоиме на истиот став и упатуваме огромна поддршка за нејзино конечно реализирање“, се наведува во соопштението од партијата.
ВМРО-Народна партија сугерираше на измени и во Законот за финансирање на политичките партии, односно предложи загарантирана финансиска независност со одвојување на 0,3% од буџетот на државата, а во делот за распределба на средства од изборните резултати, единствен критериум да биде бројот на освоени гласови на изборите.