Градот Скопје го објави денеска јавниот повик за надоместување на дел од трошоците на граѓаните за набавка на печки на пелети.
Повикот ќе трае од денеска до 21 мај 2018 година, или до исцрпување на предвидените финансиски средства од Буџетот на Град Скопје за оваа намена.
Критериум за аплицирање е печка на пелети да се купи во периодот во кој трае повикот.
Повикот ќе се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“.
Според јавниот повик, Градот ќе надомести дел од трошоците за набавка на печката во висина од 70 отсто, но не повеќе од 30.000 денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство.