Трамп не дава финансиски извештаи од неговите фирми

138

Американскиот претседател Доналд Трамп побара од Aпелацискиот суд да ја поништи одлуката со која се бара неговата сметководствена фирма да достави финансиски извештаи.

Адвокати на Трамп посочија во судот дека одлуката од 20 мај, со која судијата Амит Мехта побара од фирмата „Мазарс ЛПП“ да ги достави сите финансиски информации била погрешна и треба да се менува.

Одлуката на Мехта беше првпат федералниот суд да влезе во конфликт околу тоа колку далеку Конгресот може да оди кон истражување за Трамп и за неговото работење.

Одборот за надзор во Претставничкиот дом смета дека е неопходно да се испита финансиското работење на Трамп, со цел да се утврди дали има конфликт на интереси и дали го прекршил законот со тоа што не се одвоил од своите работни места, како што тоа го направиле претходните претседатели.

Трамп одбива да соработува во серија истраги за прашања кои се движат од даночни пријави до хотели во Вашингтон, а во тужбата поднесена на 22 април се нагласува дека судскиот повик ги надминал уставните граници за овластувањата на Конгресот да врши истрага.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...