Државниот секретар Јахиу зад решетки 30 дена

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција го осомничи дека зел поткуп од околу 50,000 евра за местење тендер.

769

Основниот суд во Скопје му одреди мерка притвор во траење од 30 дена на Јахи Јахиу, државен секретар во Министерството за информатичко општество и администрација, јави Алсат-М.

Него Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција го осомничи дека зел поткуп од околу 50.000 евра за оддавање доверливи податоци на италијанска фирма, за да победи на милионски тендер.

Мерката притвор му е изречена поради опасност од бегство и поради можноста да го повтори делото.

Фото: Алсат-М

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...